Македонија засилено се подготвува да се приклучи кон проектите за европската гасификација, со што ќе стане дел од стратешките гасоводи Јужен тек или Набуко. Минитерот за економија, Фатмир Бесими, неколкупати укажа дека Владата е сериозно заинтересирана за овие гасоводни проекти. За министерот Бесими енергетскиот сектор е значаен за економскиот раст на земјава и токму затоа гасификацијата е значајна алка. Треба да ги искористиме сите можности за да се поврземе со регионалните и меѓународните гасоводни мрежи со цел да го добие епитетот на транзитна зона и во делот на гасот и во делот на енергетиката. Во меѓувреме некои општини во државава сами го туркаат процесот на гасификација. По Куманово и Струмица ја интензивира гасификацијата, но и општините Ново Село, Босилово и Василево.
Македонија засилено се подготвува да се приклучи кон проектите за европската гасификација, со што ќе стане дел од стратешките гасоводи Јужен тек или Набуко.
Минитерот за економија, Фатмир Бесими, неколкупати укажа дека Владата е сериозно заинтересирана за овие гасоводни проекти. За министерот Бесими енергетскиот сектор е значаен за економскиот раст на земјава и токму затоа гасификацијата е значајна алка.
- Треба да ги искористиме сите можности за да се поврземе со регионалните и меѓународните гасоводни мрежи со цел да го добие епитетот на транзитна зона и во делот на гасот и во делот на енергетиката - смета Бесими.
Во меѓувреме некои општини во државава сами го туркаат процесот на гасификација. По Куманово и Струмица ја интензивира гасификацијата, но и општините Ново Село, Босилово и Василево.
Од локалната власт најавуваат дека во Струмица до почетокот на идната грејна сезона ќе го реализира капиталниот проект од областа на енергетиката за пренос, управување и дистрибуција со природен гас за што е формирано и јавно претпријатие за енергетика Струмица гас". Гасоводната мрежа од 13 километри ќе се спои со мрежата на Петрич во Бугарија.
Енергетските експерти сметаат дека гасификацијата ќе биде спас за Македонија.
Професорот Костантин Димитров, кој е експерт за енергетика, вели дека идејните проекти за гасификација на земјава се готови, а до крајот на годинава ќе се изготват главните проекти, по што треба да почне и проширувањето на мрежата.
- Прстенот со едниот крак ќе се шири кон Гостивар и Тетово, а со другиот кон Гевгелија и Струмица - објаснува Димитров. Тој смета дека додека да се реализира Јужиот тек, следните неколку години можеме да го користиме постојниот гасовод кон Бугарија.
Здружението на градинари од струмичкиот крај Еко градинар", очекува покрај во домаќинствата, природниот гас во Струмичко да најде најголема примена во областа на земјоделството, пред се за загревање на оранжериите и пластениците, за производство на ран зеленчук, во прехранбената, санитарната и во индустријата за мебел и градежни материјали.
Додека во земјава се прават проекти, во соседна Бугарија гасификацијата е топ тема.
Бугарија договори кредит од 1,2 милијарди евра со Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои што ќе бидат наменети за изградба на гасоводот Набуко. Како што ја информирал бугарската јавност бугарскиот премиер Бојко Борисов, акционерите на овој проект, енергетските компании РЊЕ, ОМВ, МОЛ, Булгаргаз", Трансгаз" и Ботас", планираат од сопствени средства да обезбедат 30 отсто од вредноста на Набуко".
Лани Русија и Бугарија потпишаа Договор за изградба на гасоводот Јужен тек. Енергетскиот експерт Валериј Несторов во изјава за Независимаја газета" оценува дека иако Бугарија обезбеди пари за Набуко, сепак тоа не ја промени реалноста за реализацијата на овој проект. Тој оценува дека во натпреварот меѓу овие два гасовода поголеми шанси има Јужен поток, бидејќи има доволно ресурси, како руски, така и од странство, но и Газпром" како моќна компанија.
Македонија гасификација ќе ја чини меѓу 200 и 300 милиони долари, што зависи од големината на трасата. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, веќе информираше дека во финална фаза се подготовките околу трасата. За него особено е значајно парнерството со Газпром", бидејќи на Македонија и се отвора значајна енергетска преспектива. Ќе се формира и заедничка компанија преку која ќе се реализира изградбата на гасоводот.
Изградбата на кракот на Јужен тек е предвидено да заврши во 2015 година.